Home За мене

За мене

Драги посетители,

добредојдовте на моето е-катче. Моето име е Александар Маџовски, магистрант по историја, лингвист, музеолог и гитарист, а ова се некои од моите размисли за историјата.

По вокација сум дипломиран класичeн филолог и моментално сум магистрант при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ со специјалност Историја на Македонија во новиот век.

Во рамките на својот професионален ангажман имам искуство како наставник по предметите „Етика во религиите“ и „Етика“ во основното училиште „Јоаким Крчовски“ во Крива Паланка.

Бев долгогодишен соработник со звање кустос при ЛУ Градски Музеј – Крива Паланка и во рамките на овој професионален ангажман извешував повеќе должности при имплементирањето на проекти кои се однесуваат на истражување, зачувување, популаризација и презентација на културно-историското наследство, финансирани од ИПА програмата за меѓугранична соработка, финансирани од Министерството за култура на Р. Македонија, како и по пат на грантови и донации.

Покрај тоа, за време на својата повеќегодишна работа во музејот ја имав можноста да се реализирам и како автор и уредник на повеќе брошури, научно-популарни дела и научни статии, а исто така и како уредник на научното списание „Славишки Зборник“, во издаваштво на ЛУ Градски Музеј – Крива Паланка.

Во ХАЕМУС – центар за научно и истражување и промоција на културата работам од 2016 година како заменик-претседател и консултант за теми кои с еоднесуваат на историјата.

Во моите ангажмани спаѓа и работата како стручен преведувач, при што имам остварено соработка со релевантни институции од земјава и регионот.