Home Uncategorized „Словените биле племе, а ние сме народ“

„Словените биле племе, а ние сме народ“

424 views
0

Пред извесен период прочитав од одредени интекелтуалци некој нѐ нарекол Словени. „Словените биле племе, а ние сме народ“, велат тие. Ужасно голема грешка на „учените“. Словените биле збир на племиња со горе-долу еден јазик (затоа и Моравската мисија, нели, со јазик од Солунско Кирил и Методиј отишле да ги описменуваат Моравците на Ростислав).

Всушност, да кажеш дека Словените биле племе е исто толку историски погрешно и неточно како да кажеш дека Хелените биле племе, а не народ. Зошто? Бидејќи еден народ најчесто се дефинира себеси преку другиот, инороден народ. Јас сум тоа што не си ти, или ти си тоа што не сум јас. Античките Хелени сите други нехеленски народи ги нарекувале општо варвари (Βάρβαροι), Тоа не значи дека тие другите народи ги сметале за попрости, понецивилизирани, тоа значење доаѓа после, Етимолошки, зборот го има истото значење како нашето брбори, или српското мрмља, Со други зборови, сите кои не ги разбирале им звучеле како бр бр, Најраната запишана употреба на овој збор е во микенскиот грчки, Хелените така ги нарекувале и Египќаните, од коишто учеле. Дури подоцна, со развојот на полисот, кој тие го сметале за највисока форма на општествено организирање, изразот варвари, т.е. туѓинци, почнале да го поистоветуваат со „пониска форма на живот“, да се изразиме така, бидејќи туѓинците немале полиси. После тој израз го прифатиле и Римјаните, па потоа европските христијани во однос на нехристијаните.

Каде е врската со Словените тука? Словените, во нивната прапостојбина ја следеле истата логика. Зборот слово изворно значи збор, говор. Значи, Словен е секој што зборува разбирливо, додека останатите им биле како неми. Е па, првите неразбирливи соседи во таа нивна прапостојбина тие ги нарекле – немци. И тоа им останало до ден денешен. Сите словенски народи, со исклучок на нас, бидејќи сме културни, Германците ги нарекуваат Немци, дури и Бугарите германскиот јазик го викаат немски език.

Ова посочува дека древните Словени сепак имале некое чувство на заедништво и припадност кон една група или народ, само што ние денес не можеме да знаеме точно какво било тоа чувство. Тоа чувство подоцна се променило, па во симбиоза со други народи се развиле посебни држави и соодветно на тоа – нови народи. На пример, словенските предци на денешните Руси со викиншкиот народ (или племе) Рус, создале нов народ; словенските предци на денешните Бугари со прабугарите; некои Словени добиле име според тоа што се наоѓале во низина или поле како Полјаците, или затоа што живееле „у краина“ се нарекле Украинци, или па го зачувале стариот етноним како Словаците и Словенците. Нештата во историјата се менуваат.

И да си ја заокружам оваа моја вечерна логореа, само во јужната група Словени имало, нели, племиња како Смолјани, Березити, Сагудати, Велегзити, Драговити итн. а да не збориме и за другите словенски групи, и сите тие се дел од тоа што сме ние,, во најмала рака бидејќи го зборуваме (сѐ уште) нивниот јазик. Кој има проблем со тоа, да си смисли нов.