Home Историски погледи Публикација – Славишки зборник бр. 3

Публикација – Славишки зборник бр. 3

369 views
0

Додека работев во Градскиот музеј Крива Паланка, ги уредував броевите на „Славишки зборник“, стручен журнал за историја, археологија, етнологија, историја на уметност, хералдика и сродни дисциплини.

Повод третото издание на зборникот, беше направена јавна промоција којашто ја пренесоа неколку медиуми со изјави на промоторите.

– Искусните и долгогодишни истражувачи од разни генерации, како и младите проучувачи поместиле во збирката бројни авторски трудови во кои се презентирани нивниет истражувачки потфати, теоретски анализи, стручни експозеа и научни медитации. Резултатите од ова издание, пред се од областа на археологијата, отвораат нови ракурси и презентираат нова оптика во истражувањето на археолошките локалитети ситуирани во општината и пошироко, рече на промоцијата  проф.д-р. Елизабета Димитрова од Институт за историја на уметност и археологија при УКИМ.

Димитрова потенцира дека е исклучително значаен трудот посветен на архeолошкиот локалитет Градиште во кривопаланечкото село Градец, првиот самостоен истражувачки проект менаџиран од Градскиот музеј.

– Во зборникот речиси сите трудови се важни референци. Мислам дека сите треба да земат пример од менаџирањето на оваа локална институција, и тоа , не само локалните, туку и националните, според сето она што можев да го видам од работењето на музејот, посочи Димитрова.

Директорот на Градски музеј Драган Величковски рече дека е презадоволен од сите  учесници во „Славишки зборник 3“ кој содржи бројни моменти од историјата, културата, етнологијата и науката од овој крај застапени во 25 текстови.

– Зборникот е плод на научно-истражувачката работа во Градски музеј Крива Паланка, дел од Годишната програма, финансирана со средства од Министерство за култура, а дел од научните трудови од авторите се отстапени волонтерски на музејот, изјави Величковски.

Како уредник на „Славишки зборник 3, јас пак истакнав дека со објавата на вакви дела се промовира културно-историското наследство и богатство на овој крај, се презентира пред научната и пошироката јавност, а со тоа сe исполнува и образовната дејност на установата.

Линк за преглед на содржината: Славишки Зборник бр. 3

Објави во медиумите